The Manuscripts and Notes of the Metropolitan of Kratovo and Stip Mihail
Abstract
Кратовско-штипскиот митрополит Михаил е значаен црковен деец од XVII в. Потекнува од богато кратовско семејство и бил близок соработник на пеќскиот патријарх Паисиј. По упокојувањето на патријархот Паисиј, новиот пеќски патријарх Гаврил го ракоположил за архиереј на Кратовско-штипската епархија. Во ракописните и старопечатените црковни книги од својата библиотека, но и во други црковни книги со коишто се служел, тој оставил интересни записи со податоци за својот живот и за други историски личности и настани од времето во коешто живеел.
Клучни зборови: кратовско-штипски митрополит Михаил, ракописи, записи.