Alexander through the Prism of Aristotle

  • Ljuben Tevdovski Faculty of educational sciences
  • Vera Hadzi-Pulja
  • Gaetan Hulot

Abstract

Овој спис расправа за Александар III Македонски во поглед на аристотеловото учење за најдоброто владеење, кое, според Аристотел, почива меѓу другото врз доблеста. Поточно, тој расправа за Александар во поглед на можноста, разгледана од Аристотел во неговата Политика, за личност која е подоблесна од останатите до таа мера што се смета за „бог меѓу луѓето“, или за која „нема закон“ бидејќи претставува „самата закон“. Иако бројни толкувачи низ историјата на философијата се осврнуваат на Александар во поглед на оваа можност, тие го прават тоа без да земат предвид една клучна потешкотија, подвлечена од самиот Аристотел, во неговите увиди за споменатата личност. Имено, иако се чини дека врз основа на нејзината исклучителна доблесност, на една таква личност природно ѝ следува да владее, истата исклучителна доблесност ја поставува и „надвор од градот-држава“, значи, вон јавната – политичка – средина воопшто. Оттаму, се поставува прашањето: зар некој може да владее со дадена заедница доколку се наоѓа надвор од неа? Тргнувајќи од една значајна забелешка на Најџел (Nagle, 2000), крајната цел на овој труд ќе биде да се образложи начинот на кој „случајот Александар“, како вотелотворување (или образец) на една замисла нафрлена во аристотеловата Политика, претставува одговор на ова прашање.

Published
2024-06-03
Section
Articles