Македонското прашање и Петко Рачов Славејков

  • Natasa Kotlar-Trajkova

Abstract

Во раните 70-ти години на XIX век, кога била евидентна плодната издавачка дејност на Јосиф Ковачев, актуелноста на „македонското прашање“ го достигнала својот врв. Имено, само четири месеци по востановувањето на Бугарската егзархија1, како уште една христијанско- православна црковна институција во османлиското општество, на 23 јуни 1870 г., во весникот „Македонија“ што излегувал во Цариград, а бил редактиран од Петко Рачов Славејков еден од водачите на бугарската преродба, бил објавен напис со наслов „Еден глас за цела Македонија“.2 Еднината на насловот јавно и отворено ја поставила комплексната содржина на македонското прашање во актуелниот историски момент.
Veröffentlicht
2013-04-12