Altars and Ritual Tables from Spanchevo
Materials, Technology, Function and Context
Abstract
Светилиштето во село Спанчево е засега единствено колективно светилиште од ран енеолит во поширокото опкружување. Предмет на овој труд е еден сегмент од вкупниот фонд на движен наод од раноенеолитското светилиште Св. Атанасиј кај село Спанчево- Кочанско, откриен во истражувачките кампањи 2008-2010. Во процесот на проучување и елаборирање на светилиштето и неговото пошироко значење, посебен акцент ќе биде ставен на: квантитет и контекст на наодот, материјал, техника и декорација на откриените предмети, како и дистрибуција, функција и симболика на предметите со култен предзнак изработени од глина.
Клучни зборови:
ран енеолит, светилиште, ритуални масички, жртвеници, квантитет, технологија, декорација, симболика