The “Macedonian question” in the Whirlpool of the Balkan Politics

Reflections on the Interview of Blaze Koneski in the Greek newspaper “To Vima” in 1962

  • Donce Tasev
  • Dimitar Ljorovski Vanvakovski Institute of National History

Abstract

Крајот на Втората Светска војна, создавањето на македонската држава во рамките на југословенската федерација и појавата на Студената војна на сцената повторно го вратиле т.н. „Македонско прашање“. Новите политички, општествени и економски околности биле препознаени од страна на македонската политичка, интелектуална и национална елита. Таа користејќи ги можностите што ја нудела државноста и институционалниот начин на делување, од една страна имала за цел да ги етаблира постулатите на новата нација-држава, а од друга страна да го постави и/или - доколку било можно - да го реши македонското национално прашање во соседните балкански држави. Развојот на настаните, посебно „македонското прашање“ во соседните држави, во многу зависело од дипломатските способности и маневрирања на балканските држави - вклучувајќи ја тука и Југославија - а во поширок контекст од превирањата на светската сцена предизвикани од Студената војна.

Оттука, во односи на релативна и на моменти крајна затегнатост на односите меѓу Грција и Југославија како последица на се позачестеното поставување на прашањето за постоењето на македонско малцинство во рамките на грчката држава од југословенска страна, на 14 април 1962 година дописникот од Белград на атинскиот весник „То Вима“ направил интервју со македонскиот книжевник, лингвист и академик Блаже Конески, кое во ова пригода за прв пат ќе биде презентирано пред македонската научна јавност.  

Veröffentlicht
2024-03-29
Rubrik
Articles