Ранохристијанскиот црковен епископат во Македонија во IV век
Аннотация
По признавањето на христијанството за рамноправна религија во Римската Империја во 313 година биле отстранети сите правни пречки за нејзино слободно исповедање. Во новите услови за мошне кратко време дошло до консолидирање на постоечките христијански општини во македонските градови и создавање на цврста и добро организирана црковна мрежа на епископии на целата територија на Македонија.1 Имајќи ги предвид пишаните историски извори2, но и со помош на епиграфските натписи посведочени на теренот, може со голема прецизност да се реконструира развојот и ширењето на христијанството и посебно на ранохристијанскиот епископат во Македонија во IV век.