Просветителските погледи на кратовскиот учител Димитар Поп Јосифович, современик на Јосиф Ковачев, изнесени во неговите ракописи од 1858 и 1869 година
Mihajlo Georgievski
Аннотация
Појавата на световните училишта во Македонија во средината на XIX век дојде како резултат на бујниот стопански развој кој бараше поголема писменост и просветеност. Дотогашните ќелијни училишта во новонастанатите економски услови, кога се вршеше трговија дури и со централните европски земји, ни оддалеку не можеа да ги задоволат потребите зашто таквите услови наметнуваа изучување на сосема други науки како земјопис, математика и друго. Бидејќи главен иницијатор за отворање на световни училишта беше македонската млада буржоазија, разбирливо е што првите световни училишта се отворија во економски најјаките македонски градови како: Скопје, Прилеп, Велес, Штип, Куманово, Тетово, Кратово и др. Од средината на минатиот век со својата просветителка дејност се истакнаа неколку македонски учители, како што се: Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Димитар Миладинов, Јанаки Стрезов, Кузман Шапкарев, Рајко Жинзифов, Григор Прличев и други, меѓу кои и еден досега недоволно проучен учител од Кратово, а тоа е Димитар Поп Јосифович.