Alexander III of Macedon in the European Heraldry
Аннотация
Од сите историски личности кои ги дала Македонија, Александар Македонски со сигурност е најзначаен од хералдичка гледна точка. Ова се должи на неговата популарност во средновековна Европа, која произлегла од широката распространетост на дела за неговиот живот познати како александриди. Станува збор за витешки романи кои се појавиле во X век, а веќе кон крајот на XIII биле надополнети со графички прикази со хералдички содржини. Дополнителнo популарностa на Александар ќе се зголеми со појавата на делото Voeux du Paon од Jacques de Longuyon во кое ќе биде воспоставена поредицата на Деветте достоинствени. Овој концепт ќе биде широко распространет во хералдичката пракса на средновековна Европа.
Трудот ја разгледува појавата на припишаниот грб на Александар во европската хералдика, дава опис на различните блазонски групи и бара врска меѓу истите и земјите во кои тие се најчесто застапени. Воедно се бара врската меѓу грбот на Александар и грбот на Македонија од европските извори.
Клучни зборови:
Александар Македонски, Македонија, хералдика, грбови, средновековна Европа, александриди.