Фолклорни и етнографски материјали публикувани од штипјани кон крајот на XIX век

  • Zoranco Malinov

Аннотация

Втората половина на XIX век е период на незапирливиот продор на ширењето на писменоста и интересот за изучувањето на народната култура на нашиве македонски и балкански простори. Иако со извесно задоцнување во однос на останатите европски, па и соседните балкански народи, процесот на едуцирање на широките народни маси постепено започнува да го зафаќа и населението во Македонија. Слична е состојбата и со интересот кон проучувањето на сопствената народна култура, процес кој на македонскиве простори најпрвин го поттикнуваат разни странски емисари, каков што е на пример случајот со рускиот филолог-славист Виктор Григорович и со босанскиот Хрват Стефан Верковиќ, испратен од српската влада со посебни задачи во југоисточниот дел на Македонија.
Опубликован
2013-04-12