СВ. Климент Охридски – Апостол на словенското просветно дело

Authors

  • Kire Filov

Abstract

Св. Климент Охридски чудотворец е основоположник на словенската писменост во Македонија. Роден некаде во Македонија (веројатно во Солун или во неговата близина) околу 840 година. Починал на 25 јули 916 година во Охрид. Основач на Охридската книжевна школа или т.н. Прв словенски универзитет. Следбеник и ученик на браќата св. Кирил и Методиј. По мисијата на браќата во Панонија, заедно со другите ученици бил протеран и прибежиште нашол во тогашното кнежевство Бугарија. Од кнезот Борис бил испратен како епископ во областа Кутмичевица, каде што во 886 година ја основал Охридската книжевна школа. Тука развил
силна просветно-црковна и културна дејност. Од оваа школа излегле учени свештени лица кои во црквите проповедале на разбирлив словенски јазик. Се смета за автор на познатата кирилица. Во Охрид го изградил познатиот манастир на „Св. Пантелејмон“, каде што во 916 година бил погребан.

Downloads

Published

2013-10-24