КУЛТУРОШКО-ПРАВНИТЕ АСПЕКТИ НА ЕКОТУРИЗМОТ КАКО ФАКТОР ЗА ПОВТОРНО ЗАЖИВУВАЊЕ НА ТУРИЗМОТ ПО ПАНДЕМИЈАТА СО КОВИД-19

  • Наташа Петровска
Keywords: културолошка припадност, културолошка одговорност, рурална жена, меѓународна афирмација, европска дестинација, туристичка култура

Abstract

Пандемијата со Ковид-19 го стави туризмот пред големи предизвици, негативните последици се покажаа како тест врз моменталната состојба со туризмот и неговото место во сооднос со останатите стопански и нестопански гранки и дејности, придонесот во општеството и заедницата, но и влијанието врз севкупниот технолошки развој, конкурентност, пренос на квалитетни информации во време на дигитализација до потрошувачите и меѓусебните комуникации. Во процесот на опоравување на туризмот на глобално ниво активно се вклучени сите чинители, чија цел е заедничка, преку изнаоѓање соодветни мерки да придонесат за негово заживување, како и европските и меѓународни организации и сите кои директно или индиректно влијаат врз негово поттикнување преку креирање долгорочни програми и стратегии, можности за активно учество во проекти, но и преку можноста за долгорочна соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор. Целта на ова истражување е преку анализа на културолошко правните аспекти на екотуризмот, активно вклучување на малцинските заедници и во заеднички придонес на градење соживот, преку нивните традиционални обележја, обичаи, улогата на жената која учествува во изработка на локални ракотворби, како предизвик за туристите да ги посетат повторно тие дестинации. Посебно е важно за тие држави кои претпочитаат да прераснат во европски дестинации, што пак е чекор напред кон приближувањето на Република Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија. И воедно да се даде придонес, генерално врз развојот на одржливиот туризам, кој е поттикнувачки фактор и за општа социолошко-економска благосостојба на населението, имајќи го предвид фактот дека престижот и угледот на една држава се зголемува со распространетоста на туризмот.

Клучни зборови: културолошка припадност, културолошка одговорност, рурална жена, меѓународна афирмација, европска дестинација, туристичка култура

Published
2021-11-03