РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ - ЧОВЕКОВО ПРАВО И ОСНОВА ЗА ПРОСПЕРИТЕТЕН И ОДРЖЛИВ СВЕТ

  • Aneta Stojanovska Stefanova
  • Marija Magdincheva Shopova
Keywords: род, рамноправност, демократија, феминизам, легислатива

Abstract

Политиката на родова рамноправност претставува едно од фундаменталните начела на демократијата и општествениот поредок. Родовите прашања бараат значајно внимание во глобалната политика, а феминизмот како теорија за меѓународни односи се обидува да ја регулира моќта која произлегува од полот на поединецот или врз основа на негираната природа. Постигнувањето на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените е составен дел на Агенда за одржлив развој 2030 на Обединетите нации и таа е е 5-та од 17-те Цели усвоени од светските лидери во 2015 година. Во оваа насока, националните парламенти играат голема и значајна улога во носењето на закони кои уредуваат различни области и прашања, меѓу кои и родовите аспекти.

Трудот прави анализа на меѓународните и домашните акти кои ја гарантираат родовата еднаквост како основно човеково право. Во рамки на трудов, авторите ќе направат осврт на достапните информации за застапеноста и улогата на жените во македонското општество како и на усвоената легислативна рамка за родова еднаквост и рамноправност, врз основа на што на крајот ќе бидат изведени и соодветни заклучоци.

Published
2022-05-18