ТРЕНДОВИ И ДВИЖЕЊА НА ТРГОВИЈАТА НИЗ ПЕРИОДИ НА РАЗВОЈОТ

  • Emanuela Esmerova
  • Drashko Atanasoski
Keywords: трговија, структура, приказ на трговија и региони, движења

Abstract

Состојбите во меѓународната економија непосредно пред Втората светска војна јасно укажувале на фактот дека секоја форма на билатерално договарање меѓу трговските партнери во светот била несоодветна на потребите што ги наметнувале тековните збиднувања во меѓународната економија. Состојбите биле такви што и најзакоравените застапници на протекционизмот веќе не биле во состојба да ги затворат очите пред сите големи штети што настанале како резултат на прекумерното употребување на протекционистички бариери за меѓународна размена. Затоа еден дел од прогресивните економски сили во светот се залагал по завршување на Втората светска војна да се воспостави мултилатерален принцип на договарање во меѓународната размена, кој бил заснован врз еднаквоста, недискриминацијата и либерализација на надворешно трговски режими.  За таа цел бил даден предлог да се формира Меѓународна трговска организација (International Trade Organisation - ITO).

Published
2022-05-18