ИСКОРИСТЕНОСТ НА АТРAКТИВНИТЕ МОТИВСКИ ФАКТОРИ ВО ФУНКЦИЈА НА РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ

  • Nikola V. Dimitrov
  • Cane Koteski
Keywords: природни, антропогени, рурални населби, региони, мотиви

Abstract

Туризмот се создава во географскиот простор. Географскиот простор е  специфичен и комплексен кој располага со можности за задоволување на различни потреби на човекот. Географските детерминанти го определуваат правецот на развој на одредена рурална локација. Истражени се повеќе атрактивни мотивски фактори кои директно или  индиректно влијаат врз развој на руралниот туризам. Доминантна улога од атрактивните мотивски фактори се природните и антропогените. Целта на трудот е двојна. Прво, преку анализа да се утврдат атрактивните мотивски фактори во руралниот простор, и второ, преку синтеза да се определи искористеноста на атрактивните мотивски фактори во функција на руралниот  туризам. Во трудот е поместен  пример на осум рурални населби, по една за секој плански регион во РС Македонија, во кои се практикува една или повеќе активности поврзани со руралниот туризам. Во трудот е користена стручна литература, податоци од интернет и емпириско истражување.

Published
2022-05-18