ЕКО-МУЗЕИТЕ - МОЖНОСТИ И ПЕРСПЕКТИВИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ТУРИСТИЧКИ СЕКТОР

  • Љупчо Јаневски
  • Сашко Граматниковски
  • Наде Пешева
Keywords: еко-музеј, одржливост, дестинација, туризам

Abstract

Овој тип на музеи најпрво се појавуваат во Франција, а самиот термин еко-музеј како концепт први го претставиле Georges Henri Rivière и Hugues de Varine во 1971 година на деветтото Генерално собрание на Меѓународниот совет за музеи (Davis, 2011). Една година подоцна, Меѓународниот совет на музеи и УНЕСКО организирале заедничка тркалезна маса во состав на конференцијата во градот Сантјаго во Чиле, создавајќи ја дефиницијата за еко-музеј која според Rivière гласи: „Еко-музејот е алатка која произлегува од заедничка визија, соработка и менаџмент од страна на јавниот сектор и локалните жители“ (Rivière, 1985). Еко-музејот претставува огледало за локалните жители, преку кое го препознаваат својот имиџ, претставувајќи огледало преку кое посетителите ќе ги запознаат локалните традиции, обичаи и карактеристики. Овој тип на туристичка понуда во време на пандемија од сарс ков-2 се наметнува како значајна можност за привлекување на голем број посетители бидејќи ваквиот тип на музеи се одвиваат на отворено со силно интегрирање на локалната заедница без негативно влијание врз животната средина. Еко-музеите во РС Македонија имаат одлична перспектива да претставуваат силен туристички производ кој ќе придонесе до одржливоста на дестинациите и намалувањето на сезоналноста во македонскиот туристички сектор.

Published
2022-05-18