ПАСТРМАЈЛИЈАТА КАКО ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАЗВОЈ НА ГАСТРОНОМСКИОТ ТУРИЗАМ

  • Oliver Filiposki
  • Dejan Metodijeski
  • Nikola Cuculeski
Keywords: пастрмајлија, штип, гастрономија, манифестација, храна

Abstract

Гастрономскиот туризам опфаќа широк спектар на активности кои се поврзани со храната и претставува важен сегмент од целокупното туристичко искуство или како мотивација за патување. Тој вклучува различни активности како: консумација на специфична и традиционална кујна, кулинарски натпревари, манифестации поврзани со храна и пијалак, локални пазари, произведувачи на храна, вклучување на туристите во набљудување или подготовка на јадењата, кулинарски школи, гастрономски патеки, ресторани наменети за локалното население и туристите, гастрономска анимација и др. Предмет на овој труд е гастрономскиот туризам погледнат преку призмата на гастрономските производи пастрмајлии. За потребите на трудот, употребена е методологија на истражување и секундарни извори на податоци преку консултирање на релевантна литература поврзана со гастрономскиот туризам како и интернетот. Направена е анализа и табеларен преглед на Штипската пастрмајлија, како и пастрмајлиите кои се подготвуваат во други градови во земјата. Врз основа на систематска евалуација на содржината и активностите, анализирани се манифестациите поврзани со пастрмајлијата во земјата.

Published
2024-12-02