ДРЖАВНИ ПОЛИТИКИ И МЕРКИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Abstract
Државните политики и мерки имаат клучна улога во поттикнувањето и развојот на претприемништвото. Влијанието и ефектите се рефлектираат дирекно преку зголемување на бројот на претприменички претпријатија и развој на постоечките како и индирекно преку активности за креирање на поттикнувачка бизнис-клима и поддршка на претприемачите. Индиректното влијание за развој на претприемништвото претставува симбиоза од повеќе фактори кои придонесуваат за промовирање на претпримеништвото и претприемачите.
Генерално, државните политики и мерки се креираат со цел да го олеснат процесот на започнување и развојот на бизнисите преку зголемување на економската активност и отворање нови работни места. Сетот државни мерки кои се состои од финансиско поттикнување, даночни олеснувања, инфраструктурни инвестиции и реформи во регулативата придонесува за забрзан економски развој и зголемување на конкурентност на претпријатијата.
Во рамките на овој труд ќе биде даден приказ на најзначајните политики и државни мерки за развој на претприемништвото. Можностите за развој на претприемништво се јавуваат како резултат на одредените промени во глобалното окружување кои се случуваат под влијание на брзиот технолошки развој и изразена дигитализација во сите сегменти на работа. Во рамки на трудот ќе биде спроведена анализа на основните политики и мерки за постигнување развој на претприемништвото. Во завршниот дел од трудот ќе бидат дадени заклучни согледувања и препораки за подобрување на состојбата.