ТЕОРИИТЕ ЗА МАСОВНО КОМУНИЦИРАЊЕ И НИВНИТЕ ИМПЛИКАЦИИ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРОЦЕСИ
Abstract
Во современите општества средствата за масовно комуницирање играат клучна улога, бидејќи го обликуваат јавното мислење, но и културните и социјалните норми, кои влијаат на севкупниот политички и економски развој. Различните теории се засновани на различни филозофски и политички претпоставки за улогата која ја имаат медиумите, но и за нивната способност и капацитет да бидат независни од властите. Овој труд има за цел да ги истражи и преку теоретско дескриптивен метод да ги прикаже видовите теории кои се применуваат кај средствата за масовно комуницирање и нивните импликации на демократските процеси и слободата на изразување. Трудот ги истражува главните карактеристики на секоја од теориите и нивниот однос со државата, притоа нуди заклучоци за нивната слобода при преносот на информациите, но и за нивната одговорност и нивната соработка со политичките структури и почитувањето на правата на граѓаните.