Ненасилната комуникација како средство за разрешување за конфликти или фактор за нивно продлабочување

Authors

  • Aleksandra Zezova

DOI:

https://doi.org/10.46763/

Keywords:

комуникациски процес, ненасилна комуникација (ННК), конфликт, емпатија, ескалација, разрешување

Abstract

Концептот на комуникација е важен фокус за многу научни области и секоја од нив го употребува терминот на свој единствен начин. Овој труд ја разгледува комуникацијата како процес – од пренос на пораки до интерпретација и повратна информација – и нејзината улога во создавање, управување и разрешување на конфликти. Во организациски контекст, таа има суштинско значење за спречување и разрешување на конфликти, градење доверба и поттикнување на колаборативна култура. Комуникацијата претставува основен процес на кој се засноваат сите меѓучовечки односи и организациски структури. Таа може да биде извор на разбирање и соработка, но и причина за недоразбирања и конфликти. Овој труд има за цел да го анализира процесот на комуникација како двоен механизам – од една страна како средство за разрешување на конфликти, а од друга како потенцијален фактор за нивно продлабочување. Ненасилната комуникација (ННК) претставува модел на меѓучовечка интеракција кој се заснова на емпатија, почит и разбирање на неизговорените човечки потреби. Од една страна, таа нуди ефективен пат за разрешување на конфликти преку отворен дијалог и трансформирање на судирните ситуации во можности за соработка. Од друга страна, непрецизна примена или површна употреба на ННК може да доведе до поголемо нелојално чувство, фрустрација и дури зголемување на конфликтот.

Downloads

Published

2025-12-22