ДОБИВАЊЕ НА СИЛИЦИУМ ДИОКСИДОТ ОД ОРИЗОВА ЛУШПИ

  • Ацо Јаневски
  • Крсто Блажев
  • Киро Мојсов
  • Дарко Андроников

Abstract

Оризот како култура се одгледува во Република Македонија претежно во Кочанската Котлина. Површините
на кои се одгледува се од 3 500 – 6 500 ha, со производство од 19 000 – 35 000 тони ориз. Имајќи во предвид дека
околу 22 % од масата отпаѓа на лушпа, која се третира како отпад. Сериозен е проблемот на преработувачите со
нејзино депонирање. При нејзино согорување се добиваат 13-16 MJ/kg и околу 20-25 % пепел во кој има 90-95 %
силициум диоксид. Пепелта во земјите големи производители на ориз се користи за добивање на преталожен, чист
силициум диоксид. Ова се прави во поумерени услови од конвенционалните, температури до 100oC и атмосферски
притисок. Се добива аморфен силициум диоксид со добри атсорбенски својства, кој се користи и во индустријата за
гума, лепила и сл., а претставува основа за неорганската синтеза на силициумови соединенија и електронската
индустрија. Количините силициум диоксид кои би можеле да се добијат од оризот произведен во Кочанско се помеѓу
680 и 1260 тони чист силициум диоксид. Не е за потценување и количината на натриум сулфат кој се добива како
додатен производ и енергијата ослободена при согорувањето на лушпите и определени фази во технолошката
постапка.

Published
Dec 26, 2017
How to Cite
ЈАНЕВСКИ, Ацо et al. ДОБИВАЊЕ НА СИЛИЦИУМ ДИОКСИДОТ ОД ОРИЗОВА ЛУШПИ. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 11, n. 11, p. 121-125, dec. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/2001>. Date accessed: 21 aug. 2018.

Most read articles by the same author(s)