МИНЕРАЛОШКО-ПЕТРОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГРАНОДИОРИТИТЕ ВО БЛИЗИНА НА С. БОНЧЕ, ПРИЛЕП
Abstract
Во овој труд се објавени резултатите од испитувањето на примероци од гранодиорити земени од околината на с.
Бонче, Прилеп. Примероците се земени неколку километри пред селото. Испитувањата се вршени со рендгенски
дифрактограм, Shimadzu XRD-6100. Станува збор за средно до крупнозрнести гранодиорити. Како карактеристични
минерали во гранодиоритите се издвоени кварц и турмалин. Кварцот се појавува во неправилни агрегати, а
турмалинот во добро оформени кристали, со димензии од неколку mm до 2 cm дебелина и должина од 10 до 15 cm.
На контактот на гранодиоритите со микашистите, од северната страна, се појавува мало леќесто тело од коешто
како покарактеристични минерали се издвоени гетит и епидот. Гетитот е со црна боја, се појавува во добро
оформени кристали-коцки со димензии до 1 cm. Епидотот се појавува во зрнести агрегати, вклопен во кварцот.