ГРАВИТАЦИСКО ПОЛЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Благица Донева
  • Марјан Делипетров
  • Ѓорги Димов
  • Крсто Блажев

Abstract

Проучувањето на гравитациското поле на Земјата има свои корени од времето кога Њутн го дефинирал
Законот за заемно привлекување на масите. Основните проучувања на гравитациското поле се базираат врз
мерењето на апсолутните вредности на забрзувањето на силата на Земјината тежа. Голем број гравиметриски
мерења се извршени со цел да се проучи формата на Земјата. Извршени се гравиметриски истражувања за да
се проучи плиткиот дел на Земјината кора, односно да се дефинираат структурите кои го градат овој простор.
Бугеовата аномалија е многу добра за дефинирање на нехомогеностите на густините во земјината
внатрешност, бидејќи кај Бугеовите аномалии нивната зависност од висината на мерната точка е далеку
помала. При пресметувањето на Бугеовата аномалија големо значење има вредноста на густината на
Бугеовиот слој. Вредноста на Бугеовите аномалии на територијата на Македонија се во границите од 30 до -
80 [10-5ms-2]. На територијата на Македонија се застапени Динарско-алпската гравиметриска провинција и
Внатрешната гравиметриска провинција.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2017-12-26
How to Cite
Донева, Б., Делипетров, М., Димов, Ѓ., & Блажев, К. (2017). ГРАВИТАЦИСКО ПОЛЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Natural Resources and Technology, 11(11), 67-73. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1994