РАЗЛИКИТЕ ПОМЕЃУ ИНВЕСТИЦИСКОТО И КОМЕРЦИЈАЛНОТО БАНКАРСТВО

  • Ljupco Davcev
  • Tamara Jovanov

Abstract

Комерцијалните банки претставуваат финансиски посредници со многу мал дел на капитал и релативно голем дел на краткорочни долгови во форма на депозити. Многу често овие депозити се исплатливи во момент на побарување и се издаваат на голем број различни поединци и фирми. Фондовите на комерцијалните банки, примарно се користат за кредитирање на физички и правни лица. Постоењето на комерцијалните банки произлегува од проблемот на информациската асиметрија. Инвестициското банкарство се состои од збир на хетерогени активности од кои повеќето може да бидат класифицирани како: услуги на загарантиран пласман и советодавни услуги; тргување и брокерство и управување со средства (традиционални и алтернативни). Суштината на нивната работа се услугите каде што се презема ризик и советодавните услуги. Банките кои ги вршат и комерцијалните и инвестициските банкарски активности се oбележани како универзални банки. Додека во минатото универзалното банкарство било забрането во некои правни системи, денес е дозволено секаде. Бидејќи и инвестициското и комерцијалното банкарство почиваат врз основа на продукцијата на информации и нивното процесирање, многу поефикасно е да се извршуваат двете активности во исто време. Овој труд ги разграничува начините на функционирање на овие три концептуално различни типови на банки и ги објаснува спецификите на нивната работа

Published
May 3, 2017
How to Cite
DAVCEV, Ljupco; JOVANOV, Tamara. РАЗЛИКИТЕ ПОМЕЃУ ИНВЕСТИЦИСКОТО И КОМЕРЦИЈАЛНОТО БАНКАРСТВО. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 4, n. 1, p. 161-171, may 2017. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/1855>. Date accessed: 23 aug. 2019.
Section
Articles