ОРГАНИЗАЦИСКАТА КУЛТУРА ВО КРЕИРАЊЕТО И ИЗВРШУВАЊЕТО НА МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИЈАТА ВО ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

  • Elena Stojanovska
  • Trajko Micevski

Abstract

Во услови кога сè се менува со голема брзина и кога промените се непредвидливи, како потреба и неопходност во секоја организација се наметнува стратегискиот менаџмент. Како релативно нова научна дисциплина, основна цел на стратегискиот менаџмент е да ѝ овозможи на организацијата рационално и навремено да реагира на сите промени што доаѓаат од окружувањето. Во ова динамично време кога организацијата се соочува со многу предизвици кои доаѓаат од надворешните и внатрешните фактори на промени, стратегискиот пристап на менаџментот овозможува организацијата да опстои, да се оспособи и да преземе акција за избегнување на замките кои доаѓаат од окружувањето на организацијата. Поточно, стратегискиот менаџмент е процес кој ѝ овозможува на организацијата да ги насочи активностите кон реализација на нејзината стратегија. Стратегискиот менаџмент им овозможува на менаџерите да превземаат акција или иницијатива во која се вклучени и користењето на средства за подобрување на самата организација и полесно постигнување на поставените цели и задачи. Тоа подразбира дека менаџерите можат да одредат визија, мисија и цели, планови и стратегии за развој, доделување на ресурси, сè со цел постигнување на поставените цели на организацијата.
Клучни зборови: Менаџмент, организација, стратегија, визија, цел, успех.

Published
Feb 21, 2020
How to Cite
STOJANOVSKA, Elena; MICEVSKI, Trajko. ОРГАНИЗАЦИСКАТА КУЛТУРА ВО КРЕИРАЊЕТО И ИЗВРШУВАЊЕТО НА МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИЈАТА ВО ПРЕТПРИЈАТИЈАТА. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 19, n. 3, p. 79-100, feb. 2020. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3501>. Date accessed: 08 july 2020.