ПРИМЕНАТА НА ПРАВИЛНА ДЕЛОВНА ЕТИКА, КАКО ФАКТОР ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА МОТИВИРАНОСТА И ЗАДОВОЛСТВОТО НА ВРАБОТЕНИТЕ
Abstract
Најважниот фактор во работењето на секоја организација се човечките ресурси. Нивниот успех е поврзан со нивното мотивирање, пред сѐ нивното внатрешно мотивирање, кое пак произлегува од правилниот однос спрема нив. Токму затоа треба да се стави акцент на деловната етика во организацијата. Важноста на етиката за успехот во работењето на ниво на емпириско искуство и работна пракса е потврдена посебно во најразвиените светски економии. Мотивацијата е една од најистражуваните теми во рамките на современите организации. Проучувана е од страна на многу автори, кои на специфичен начин даваат придонес во разјаснувањето на оваа област која е многу значајна за разбирање на човечките потреби. Имајќи предвид дека секој вработен се разликува во однос на своите потреби, секој се мотивира на различен начин. На тој начин, вработените полесно се прилагодуваат во средината и имаат чувство на поврзаност со визијата на фирмата. Преку деловната етика и мотивацијата, вработените не се фокусираат само на нивните лични интереси, туку се стремат за доброто на оргнизацијата. Токму затоа, неспорен е фактот дека многу претпријатија поголемо внимание посветуваат кон создавање на поволна деловна етичка организација и кон мотивирање на вработените, бидејќи ефектот што го имаат врз фирмата, како и врз задоволството на вработените, дава само позитивни резултати.
Клучни зборови: Човечки ресурси, деловна етика, мотивација, задоволство на вработените, организација, успех во работењето.