УМЕШНОСТА НА МЕНАЏМЕНТОТ ЗА КРЕИРАЊЕ НА СТРАТЕГИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ КОНКУЕРЕНТСКА ПРЕДНОСТ

  • Suzana Mehandziska
  • Trajko Micevski

Abstract

Денес во ова современо деловно опкружување кога речиси сите претпријатија работат во многу комплексни, променливи и непредвидливи средини и во услови на силна конкуренција, па за да опстанат им се потребни вистински и искусни лидери. Предизвикот за најсоодветно кадрово екипирање доаѓа од фактот што човечкиот капитал како таков е незаменлив. Многу организации можат да си ја дозволат најновата опрема за работа, најдобрите софтверски и хардверски решенија, но човечкиот капитал, т.е. лидерот, сепак останува тој кој што е незаменлив и тешко може да се копира од конкуренцијата. Упешното лидерско водење укажува на фактот дека лидерот треба да користи влијателен јазик во комуникацијата со цел да ги убеди да му се приклучат неговите следбеници во реализирање на креираната стратегија и целта преку користење на соодветен пристат и тон, со јасно и концизно пренесена порака. При креирањето и имплементирањето на стратегијата за конкурентска предност, лидерите треба добро да го осознаваат не само внатрешното окружување, туку и надворешното, со сите слабости, позитивности, опасности и можности. Да ги негуваат внатрешните односи, исто толку внимание треба да посветат и на надворешните односи, т.е. коминикација со медиуми и градење на високопозитивна репутација за организацијата и справување со кризна комуникација.

Клучни термини: Стратегија, лидер, тим, конкурентска предност, развој, успех.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2020-02-21