Слушањето музика во рамките на музичката настава во средните општообразовни училишта во Република Македонија

  • Aleksandar Trajkovski

Abstract

Средните општообразовни училишта се институции каде што се образува и воспитува популација којашто од аспект на формирање на естетските вредности и музичкиот вкус се наоѓа во својата најчувстителна возраст на средна адолесценција. Според професорот Heiner Gembris, од Институтот за истражување на музичките способности на Универзитетот во Падерборн - Германија, припадниците на оваа возраст (поконкретно -припадниците на возрасната група од 10 до 20 години, бидејќи тој ги користи децениите како основен временски и развоен интервал) се карактеризираат со „...потрага за воспоставување на местото на поединецот во музичката култура“ (Gembris 2002). Во тој период учениците се директно изложени на најразлични (позитивни и негативни) музички влијанија од страна на средината и медиумите, што потоа се одразува и врз формирањето на нивната личност. Имено, тогаш личноста ги гради своите афинитети(меѓу кои и музичките) и го трасира патот на она што подоцна ќе биде предмет на нејзин интерес или посуштински дефинирано - нејзин вкус. А вкусот или, попрецизно - музичкиот вкус, претставува битна компонентана целокупната развиена личност.

Published
Apr 16, 2013
How to Cite
TRAJKOVSKI, Aleksandar. Слушањето музика во рамките на музичката настава во средните општообразовни училишта во Република Македонија. Yearbook - Faculty of Music Art, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.125-132, apr. 2013. ISSN 1857-8659. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/148>. Date accessed: 09 aug. 2020.