Класификациски систем на традиционалните игри во делото на Љубица и Даница Јанковиќ

  • Blagica Ilik

Abstract

Интересот за темата што следи се јави како резултат на големата научна вредност на делата на Јанковиќ, како и потребата нивниот емпириски матријал да биде анализиран според одредени етнокореолошкo-антрополошки параметри. Како основа на кореолошката класификација што следи, го користев издадениот етнографски и етнокореолошки материјал од одредени предели на Македонија, поточно 89 традиционални игри во третата книга„Народни игри“, издадена во Белград, 1939 година. Во оваа книга се собрани традиционални игри од етничките предели Долни Полог, Горни Полог, Жеглигово и Средорек, Скопска Црна Гора и Скопска Блатија, како и традиционалните игри од градската култура на Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово (Јанковиђ,1939: 8-288).Целта на истражувањето е да се утврди колку регистрираните традиционални игри и нивното расчленување на неколку структурни елементи ќе влијае кон подобрување на етнокореолошки сознанија и нивна примена во наставната пракса.

References

Васиђ, О. (2005). Етнокореологија - Сеђање, Београд.

Јанковић, Љ. и Д. (1939). Народне игре, књига III, Београд.

Јанковић, Љ. и Д. (1957). Прилог проучавању остатка орских обредних игара у Југославији, Београд, Научно дело, САНУ.

Јаневски, В. (2010). Етнолошки и етнокореолошки карактеристики на македонските традиционални народни ора – по избрани примери, Скопје, магистерска работа, Институт за етнологија и антропологија.

Кличкова, В. (1957), Велигденските обичаи во Порече, Скопје, Гласник на музејско- конзерваторско друштво на Н.Р. Македонија.

Зечевић, С. (1983). Српске народне игре, порекло и развој, Београд Етнографски Музеј Београд.

Published
2013-04-16