Влијанието на организираниот педагошки процес врз музикалноста и општиот развој на детето

  • Emilija Petrova Gjorgjeva

Abstract

Еден од основните белези на еден народ претставува музичката култура која влијае на развојот на условите за живот и го оплеменувачовековото битие. Раното откривање на музикалноста кај децата и педагошкото влијание во развојот на музикалноста претставуваат важен фактор за општиот развој на детската личност. Главната цел на раното стекнување со музичко образование е да ги поттикнува музичко творечките способности кај децата, да создава идни љубители на убавата музика – музиката со уметничка вредност. Организацијата на воспитно-образовната дејност опфаќа низа задачи на музичкото образование за остварување на клучната цел: развивање љубов и интерес кон музиката, запознавање со основите на музичката писменост, информирање за истакнати музички уметници во земјата и во странство, учење на стилови, содржини и карактер на музиката, развивање креативни способности кај младата личност, развивање музички вкуси музичка меморија, формирање творечки способности за прифаќање и доживување на убавото во музичката уметност; формирање чувство,љубов и стремеж за стекнување знаења.

Published
Apr 16, 2013
How to Cite
GJORGJEVA, Emilija Petrova. Влијанието на организираниот педагошки процес врз музикалноста и општиот развој на детето. Yearbook - Faculty of Music Art, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.105-120, apr. 2013. ISSN 1857-8659. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/154>. Date accessed: 25 jan. 2020.