Полифонијата во македонското музичко творештво

  • Tihomir Jovik

Abstract

Достигнувајќи го својот врв во периодот на ренесансата (вокалната полифонија) и барокот (инструменталната и вокално-инструменталната полифонија), во следните стилски епохи (класицизам, романтизам, импресионизам) полифонијата го губи примарното значење. Во тој период во прв план избива хомофонијата, односно хармонскиот слог како принципна организација на музичката материја. Иако во овие стилски епохи композиторите не придаваат многу големо значење на полифониот слог,сепак, полифониот начин на изразување не е потполно запоставен. Еден од ретките композитори од доцниот романтизам во втората половина на XIX век, кој ќе се заложи за враќањето кон Баховата уметност, односно за реинтеграција на полифониот слог и полифоните форми во музичкото творештво, е истакнатиот полифоничар Макс Регер.

Published
Apr 16, 2013
How to Cite
JOVIK, Tihomir. Полифонијата во македонското музичко творештво. Yearbook - Faculty of Music Art, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.69-78, apr. 2013. ISSN 1857-8659. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/157>. Date accessed: 09 aug. 2020.