Улогата и значењето на оркестарот на народни инструменти на македонската радио телевизија во одржувањето на сопствената музичка традиција

  • Ilco Jovanov

Abstract

Во генералната презентација на македонската музичка култура,значаен сегмент зазема звучната надградба на македонската традиционална музика. Всушност, оваа музика се темели на постојаната и непресушна инспирација од традиционалниот народен мелос во градењето на сопствениот музички израз. Гледано од историско-социолошки и музиколошки аспект, почетокот на презентирањето и широкото популаризирање на овој музички жанр е комплексна појава тесно поврзана со:

– потребата од негување и претставување на сопствената музичка култура;

– потврдата на сопствениот музички идентитет;

– привлекувањето на една поширока структура на слушатели и

– отворањето на можноста за голем број индивидуалци да се определатза професионално посветување на ова музичко поле.

Published
Apr 16, 2013
How to Cite
JOVANOV, Ilco. Улогата и значењето на оркестарот на народни инструменти на македонската радио телевизија во одржувањето на сопствената музичка традиција. Yearbook - Faculty of Music Art, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.5-12, apr. 2013. ISSN 1857-8659. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/164>. Date accessed: 09 aug. 2020.