УПОТРЕБА НА ФОЛКЛОРНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ И УМЕТНИЧКАТА ТРАНСПОЗИЦИЈА НА ФОЛКЛОРОТ ВО ВТОРИОТ СТАВ „ЛАМЕНТОЗО“ ОД СИМФОНИЈАТА БРОЈ 5, НА КОМПОЗИТОРОТ ТОМА ПРОШЕВ

  • Goce Gavrilovski

Abstract

Вториот став „Ламентозо“ од Симфонијата бр. 5 на композиторот Тома Прошев содржи цитирана и обработена народна тема „Црна се чума зададе“, во која при нејзината стилизација, одредени фолклорни елементи се полесно препознатливи, некои составни елементи и мотиви наликуваат на оригиналната народна песна, додека други само наговестуваат или содржат фолклорни идиоми. Во трудот ќе се издвојат покарактеристични места низ текот од делото, со објаснување за присутноста и употребата на фолклорните елементи во ставот и нивните особености изразени од аспект на: тембар, фактура и оркестрација како и функција на употребените музички инструменти дадени во примерите од партитурата на делото.


Клучни зборови: уметничка транспозиција, современо творештво, музички фолклор

Published
May 14, 2019
How to Cite
GAVRILOVSKI, Goce. УПОТРЕБА НА ФОЛКЛОРНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ И УМЕТНИЧКАТА ТРАНСПОЗИЦИЈА НА ФОЛКЛОРОТ ВО ВТОРИОТ СТАВ „ЛАМЕНТОЗО“ ОД СИМФОНИЈАТА БРОЈ 5, НА КОМПОЗИТОРОТ ТОМА ПРОШЕВ. Yearbook - Faculty of Music Art, [S.l.], v. 5, n. 5, p. 17-25, may 2019. ISSN 1857-8659. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2895>. Date accessed: 22 aug. 2019.