МУЗИКАТА НА ФИЛИП ГЛАС, МИНИМАЛИЗМОТ И ТИРОЛСКИОТ КОНЦЕРТ ЗА ПИЈАНО И ОРЕКЕСТАР

  • Petar Trbojevik

Abstract

Филип Глас претставува основоположник на минимализмот во музиката во 1960-тите години кој се карактеризира со специфичната употреба на изразните средства во музиката, односно со поедноставувањето на истите. Меѓутоа, во средината на 70-тите Глас го менува стилот и начинот на компонирање, оди кон покомплексни и оддалечени фрази и хармонии од стилот. Академската јавност, музиката од поновиот негов опус сѐ уште ја смета за минималистичка и сложена за интерпретација. За концертот за пијано и оркестар бр. 1 (Тирол концерт) постојат податоци дека е компониран по нарачка, гледајќи по автентичноста на ритмот и мелодијата, на основа на Тиролска фолклорна песна, но доколку би се слушнала музиката во филмот The Truman show (1998) каде првпат ја изложува главната тема која всушност се провлекува и во Концертот бр. 1, би ја сфатиле оригиналноста. Мелодијата е едноставна, се состои од повторувачки структурна и хармонската рамка, која во за основа има површни варијации преку мелодични и ритмички промени. Трансформациската кохерентност во функционалната структура е неопходна компонента на хармоничната содржина на движењето. Концертот бр. 3 за пијано и оркестар, ги содржи сите музички изрази и карактеристики од целиот творечки опус и стилски периоди на композиторот, вклучувајќи го минимализмот како основа, но и нови композициски техники кои во претходните дела не се забележани.


Клучни зборови: Филип Глас, Тиролски концерт, минимализам.

Published
May 15, 2019
How to Cite
TRBOJEVIK, Petar. МУЗИКАТА НА ФИЛИП ГЛАС, МИНИМАЛИЗМОТ И ТИРОЛСКИОТ КОНЦЕРТ ЗА ПИЈАНО И ОРЕКЕСТАР. Yearbook - Faculty of Music Art, [S.l.], v. 5, n. 5, p. 71-74, may 2019. ISSN 1857-8659. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2903>. Date accessed: 07 dec. 2019.