УЛОГАТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА ТЕОРИИТЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНАТА ОРИЕНТАЦИЈА

  • Lidija Jordanova

Abstract

Со изборот на училиштето и идната професијa, младите луѓе го пронаоѓаат своето место и улога во општеството. За нив овоj избор претставува големо животно искуство и има суштинско значење во текот на нивниот понатамошен живот. Да се донесе вистинска одлука за продолжување на образованието е навистина тешко и често знае да ги надмине можностите на самиот поединец. Oсновното и средното училиште влијаат врз професионалниот развој и изборот на занимањето на ученикот преку програмските содржини на редовната настава, програмата за воннаставните активности и програмата зa професионалната ориентација.Училиштето зазема важна улога во реализирањето на целите на образовниот процес во рамките на современиот концепт, заснован на новите теории за професионалната ориентација, техничко-технолошките промени и различните сфаќања на односите кои постојат меѓу образованието, вработувањето и работата.


Клучни зборови: професионална ориентација, теории на професионалната ориентација.

Published
May 15, 2019
How to Cite
JORDANOVA, Lidija. УЛОГАТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА ТЕОРИИТЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНАТА ОРИЕНТАЦИЈА. Yearbook - Faculty of Music Art, [S.l.], v. 5, n. 5, p. 81-89, may 2019. ISSN 1857-8659. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFMA/article/view/2905>. Date accessed: 16 oct. 2019.