Свадбениот циклус во Малешево
Abstract
Пределот Малешево се наоѓа во источниот дел од Република Македонија и го зафаќа изворскиот дел на реката Брегалница. Опколен е со Малешевските планини и со падините на планината Влаина, Голак и Плачковица. Отворен е само спрема север по долината на реката Брегалница. Низ него поминува пат кој ја поврзува Струмица со Делчево, а преку Голаковиот премин поврзан е со Виничкиот и Кочанскиот крај (Константинов, 1992 : 154-155). Меѓу првите познати жители на овој регион били Тракијците, кои по доаѓањето на Словените, највероватно во целост биле асимилирани. Во Средниот век во оваа област се населиле неколку семејства од средна Европа, познатиот етникон Саси во гратчето Пехчево како и во селото Владимирово и Умлена. За време на турското владеење на ова подрачје масовно се населувале Турци и под нивен притисок еден дел од Малешевците, типично шопско население, било исламизирано, а друг дел емигрирал во соседните бугарски градови (Константинов, 1992 : 155).References
Алексов Благоја, (2003). Берово во просторот и времето, Скопје
Бошначки Иван, (1972), Кон свадбените обреди, игри и песни во Малешево, МФ, V, бр. 9 – 10, Сопје
Документарен филм, (1998), Одтргнато од заборавот, Радиотелевизија Берово
Константинов Милош, (1992), Македонци : Народите на светот, кн. 6, "Маринг", Скопје
Костов Ст. Л. – Петева Е.,(1935), Селски бит и изкуство в Софйско, София
Малинов Зоранчо,(2006), Традицискиот народен календар на Шопско-брегалничката етнографска целина, Скопје
Пенушлиски Кирил, (2005), Малешевски фолклор, Скопје
Пенушлиски Кирил, (1980), Малеш и Пијанец III, Скопје