Стилски карактеристики на ората кај Мијаците

  • Marjan Andonovski

Abstract

Ората во Македонија по своите специфики и со своите стилски карактеристики се разликуваат од ората и игрите во другите играорни подрачја во соседните земји и воопшто на Балканот (Димовски, 1977: 16). Едни од првите истражувачи кои оставиле пишани податоци за стилот и играњето на ората кај Мијаците од Мала Река, биле сестрите Јанковиќ кои уште во 1934 година истражувале во истиот предел (Јанковић, 1939).  Според нив Мијаците лесно ги впиваат новите музички впечатоци и лесно ги совладуваат мелодиите, со тоа се стекнува уверување дека помеѓу нив скоро нема човек без слух. Смисолот за игра кај нив ништо не е помал од смисолот за музика (Јанковић.Љ, 1939: 116).

References

Димовски, М. (1977). Македонски народни ора од репертоарот на Ансамблот за народни игри и песни Танец, Институт за фолклор, Скопје

Димчевски, Ѓ. (1983). Вие се оро македонско, Збирка на македонски ора, Скопје

Димовски, М. (1996). Народните ора и орската традиција, Етнологија на Македонците, МАНУ, Скопје

Јанковић, Љ. и Д. (1939). Народне игре, књига I, Београд.

Јанковић. С. Љ. (1939). Лазаропољци и лазаропољске народне игре, Српски книжевни гласник, 57, Београд

Јанковић, Љ. и Д. (1948). Народне игре, књига lV, Београд

Смилевски, Б. (2006). Тешкото од Лазарополе, Скопје

Published
2013-09-11