КУЛТУРНА СОРАБОТКА MЕЃУ РУСИЈА И МАКЕДОНИЈА ИЗРАЗЕНА ПРЕКУ ЗАПОЗНАВАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ОБРЕДНО- ПЕЈАЧКИТЕ ЖАНРОВИ

  • Родна Величковска

Abstract

Во овој труд е претставена културната соработка меѓу Русија и Македонија во областа на етномузикологијата, изразена преку запознавање на културните вредности на обредно-пејачките жанрови со ороводен карактер. Тоа се најстарите музичко-фолклорни форми кај словенските народи, чии основни генетски функции се условени од музичкиот ритам и
моториката на кореографските движења. Културната соработка е реализирана во рамките на мастер-класата, преку семинар и работилници по традиционално народно пеење и учество на фестивали.

Published
2016-12-30