NOMINA AGENTIS ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

  • Сашка Грујовска

Abstract

Во трудот се разгледуваат значењата на називите на вршители на дејство во македонскиот и во германскиот јазик на современ план. Се споредуваат зборообразувачките модели од гледна точка на семантичките разлики. Станува збор за мутациски деривати чиешто основно значење најчесто е вршител на дејство. Дејството може да биде постојано, професионално, привремено, повремено. При овој тип деривација доаѓа до различни значења во зависност од релацијата меѓу мотивирачката основа и дериватот. Пресудно значење има суфиксот, којшто е носител на семантичката вредност на дериватот. Анализата на семантичката содржина на Nomina agentis во македонскиот и во германскиот јазик ги покажува сличностите и разликите на зборообразувачки и семантички план меѓу двата јазика.

Published
Jan 4, 2017
How to Cite
ГРУЈОВСКА, Сашка. NOMINA AGENTIS ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 141-146, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1621>. Date accessed: 23 nov. 2017.
Section
Articles