ГОВОРНИОТ ЧИН БАРАЊЕ И МОДАЛНОСТА КАКО НЕГОВА КАРАКТЕРИСТИКА ВО МЕЃУЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИЗУЧУВАЧИ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИК

  • Билјана Ивановска
  • Марија Кусевска
  • Нина Даскаловска

Abstract

Целта на овој труд е да се направи анализа и истражување на говорниот чин барање и да се опише модалноста како негова карактеристика кај студентите–изучувачи на германскиот јазик од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Истражувањата се базираат на анализите и резултатите добиени од проектот „Улогата на експлицитните инструкции за анализа на прагматичките компетенции кај студентите по англиски и германски јазик како странски јазик" („Die Rolle der expliziten Anweisung in der Entwicklung pragmatischer Kompetenz im Englischen und im Deutschen als Fremdsprache” / „The role of explicit instruction in developing pragmatic competence in learning English and German as a foreign language”/ , проект што се изведува на Филолошкиот факултет во Штип. Проектот е инспириран од важноста на прагматичките знаења и
компетенции, кои треба да ги владеат студентите по странски јазици и да им овозможи на студентите да комуницираат соодветно во јазикот цел и соодетно на тоа да дејствуваат и да општат на изучуваниот странски јазик. Постојат повеќе различни класификации на модалноста, но сите тие се однесуваат на оцената на говорителот и на содржината на исказот. Модалните глаголи и модалните зборови во поврзаност со наведениот говорен чин се разгледуваат како лексички показатели на модалноста. Го
разгледуваме говорниот чин барање преку изразување на три различни типа барање: а) барање на информации, б) барање за извршување на некоја активност и в) барање на дозвола. Се даваат репрезентативни примери добиени од анализите спроведени кај студентите кои студираат странски јазик (германски), добиени преку тестот за дискурсна анализа, интервју или игра по улоги.

Published
Jan 8, 2017
How to Cite
ИВАНОВСКА, Билјана; КУСЕВСКА, Марија; ДАСКАЛОВСКА, Нина. ГОВОРНИОТ ЧИН БАРАЊЕ И МОДАЛНОСТА КАКО НЕГОВА КАРАКТЕРИСТИКА ВО МЕЃУЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИЗУЧУВАЧИ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 247-253, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1635>. Date accessed: 19 nov. 2017.
Section
Articles