ЗА НЕКОИ СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ (МИНАТО, СЕГАШНОСТ И ИДНИНА)

  • Михајло Марковиќ
  • Соња Новотни

Abstract

Цел на овој реферат е да се прикажат определени словенски јазици (пред сè македонскиот), нивниот статус и форма во минатото, денес и нивната иднина гледано низ призмата на современата филологија. Во минатото јазикот како наука беше многу значајна научна гранка, но со текот на времето јазикот ја губи својата вредност како научна дисциплина, а со тоа го губи чекорот и рамноправноста наспрема другите научни гранки. На филологијата како на наука повеќе не се гледа како на една важна и
примарна научна дисциплина, туку денеска во науката, на јазиците се гледа како на една секундарна и не толку важна научна гранка во општеството. Сите овие маргинализирања на словенските јазици, особено на оние јазици преку коишто комуницираат помалкубројните словенски народи, придонесува до нивно извитоперување, односно во некои случаи и целосно нивно редуцирање. Ваква е состојбата во поголемиот број словенски јазици, со делумен исклучок на рускиот, како водечки словенски јазик, во коишто науката во минатото вложуваше средства и големи напори за нивни научно истражување и надоградување. Преку компаративно истражување ги изложивме нашите ставови во однос на словенските јазици (македонски, руски, бугарски и српски) и нивниот статус во минатото, денес и како тие ќе еволуираат во иднина под силното влијание на јазичната глобализација.

Published
Jan 12, 2017
How to Cite
МАРКОВИЌ, Михајло; НОВОТНИ, Соња. ЗА НЕКОИ СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ (МИНАТО, СЕГАШНОСТ И ИДНИНА). ФИЛКО / FILKO, [S.l.], v. 1, p. 533-540, jan. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/1669>. Date accessed: 25 nov. 2017.
Section
Articles