МОЖНОСТИ И НАЧИНИ ЗА ПРЕВОД НА ФРАЗЕМИТЕ

  • Биљана Мирчевска-Бошева

Abstract

Фраземите се уникатен лингвистички феномен чие разбирање бара длабоки познавања на културата, менталитетот, традицијата на земјата и народот имајќи предвид дека тие покрај универзалноста ја истакнуваат и културно-националната специфика на конкретниот јазик. Ваквите нивни карактеристики ги прават актуелни и интересни за истражување, но истовремено доста сложени за преведување. Имено, можностите да се направи грешка при преводот и да се даде погрешна интерпретација на овие
изрази е голема. Сево ова бара посветување на посебно внимание при усвојувањето и преведувањето на овие единици. Надминувањето на одделни тешкотии кои се појавуваат при преводот на фраземите се прави со помош на употреба на речници, земањето предвид на контекстот, а голема улога игра и креативноста на преведувачот. Но, развојот на технологијата ја потенцира важноста од компјутеризација и на лексикографските истражувања, создавање на речнички картотеки врз основа на дигиталните
ресурси и создавање електронски речници според принципите на корпусната лексикографија. Пребарувањето низ електронските ресурси, во кое се вклучени фраземи и нивните составни делови е побрзо и поедноставно и во голема мера може да го олесни процесот на преведувањето или наоѓањето на еквивалент во другиот јазик, воопшто.

Published
2017-01-12