ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКИ ЗАЕМКИ И/ИЛИ ЛАЖНИ ПАРОВИ

  • Силвана Симоска

Abstract

При заемањето, односно импортацијата на лексички единици од еден јазик во друг, во зависност од графиските системи и од степенот на сродност на јазиците, се активираат формални и семантички адаптативни процеси. Кај јазиците со различен графиски систем формалната адаптација на заемката нужно се манифестира со нејзино фонолошко-морфолошко преобликување и приспособување на принципите на јазикот примател.
Поаѓајќи од Сосировата двостраност на јазичниот знак (форма која се врзува за содржината како двете страни на лист хартија), со позајмената форма би требало да се импортира и за неа неделиво прикачената содржина, односно семантичка екстензија. Тоа е случај, како по правило, кај голем број заемки. Ова по форма и по содржина релативно хомогено множество заемки нема да биде во фокусот на нашето истражување. Ние ќе се посветиме во нашата анализа, пред сè, на оние заемки чија семантика
варира во однос на семантиката во изворниот јазик, а едновремено го сочинува прагот кон лажните парови. Во зависност од семантичкиот развој на заемките во јазикот примател, тие потенцијално можат да се претворат во лажни парови, односно во лексеми што се формално слични/идентични со својот етимон, а семантички делумно или целосно се разликуваат од него. Спроведената анализа на овој тип германски заемки во македонскиот, како и во случај на заеднички заемки од трети јазици (сп.
мак. академик vs. герм. Akademiker) покажува семантички дивергенции што ни дозволуваат двојна класификација на одредени лексички единици не само во категоријата заемка, ами и во категоријата лажен пар (сп. мак. цигара vs. герм. Zigarre ‘пура’).

Published
2017-01-16