ЕСТЕТИКАТА НА КОМУНИКАЦИЈАТА И МЕДИУМИТЕ ВО НАСТАВАТА ПО ЛИТЕРАТУРА

  • Виолета Димова

Abstract

Суштинска цел на литературното образование е да го разбуди интересот на учениците за корисна и продлабочена рецепција на литературата, која ги задоволува нивните потреби за индивидуализација, да ги оспособи да се повикаат на медиумски дијалог со другите, како и да им се овозможи преку литературата за деца и млади и низ наставата, да учествуваат во процесот на општественото саморазбирање. За разлика од книжевно- естетската продукција, тука во преден план стои рецепцијата. Медиумите за деца и млади припаѓаат не само на наставата по литература која поттикнува читање, туку и на онаа која вклучува различни медиуми. Медиумски интегративната настава не употребува само печатени или електронски медиуми, туку и компјутерски, кои силно влијаат на книжевно– ориентираната настава.

Published
Jan 30, 2018
How to Cite
ДИМОВА, Виолета. ЕСТЕТИКАТА НА КОМУНИКАЦИЈАТА И МЕДИУМИТЕ ВО НАСТАВАТА ПО ЛИТЕРАТУРА. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 121-127, jan. 2018. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2029>. Date accessed: 21 aug. 2018.