ЦРКОВНОСЛОВЕНИЗМИТЕ ВО ТВОРЕЧКАТА РИЗНИЦА НА АНТЕ ПОПОВСКИ

  • Жаклина Ѓорѓиоска

Abstract

Современата македонска литература изобилува со црковнословенски лексички елементи кои го потврдуваат континуитетот на црковнословенската традиција во македонскиот јазик. Многу македонски автори тежнеат во своите дела да ги вткаат ретките малку подзаборавени лексеми карактеристични и за средновековната писменост. Дел од авторите, црковнословенската лексика ја употребуваат со нејзиното изворно значење, но дел од нив на црковнословенизмите им вдахнуваат ново значење, што се должи и на нивната употреба во различни контексти и во жанровски различни литературни текстови. Така многу црковнословенизми добиваат ново значење и со тоа на некој начин повторно заживуваат, односно се осовременуваат и на јазичниот израз му даваат нишка на експресивност. Меѓу мноштвото писатели кои во своите дела умешно ја вградиле  црковнословенската лексика, а со тоа ја продолжиле црковнословенската традиција е еминентниот македонски поет Анте Поповски.
Во овој труд предмет на интерес се црковнословенските лексички елементи вградени во творештвото на Анте Поповски. Неговиот богат творечки опус и денес плени со својата раскошна древна, исконска лексика која ги надживеала вековите, а сепак е разбирлив за секого. Главната тематска преокупација на Поповски е насочена кон минатото,
како израз на исконската потреба да го пронаоѓа зборот длабоко во историското битисување на македонскот народ, на македонската грутка, па горделиво и умешно ги вкомпонирал архаизмите во современиот македонски јазик и му дал препознатливост на својот јазичен израз, меѓу другото и со употребата на пр.: жизн, конец, отроче, погибел, коб, покоба, скрб, скверна, дубрава, ридание, целование, число, глагола, оконча, велиј, многаја лета и др. Од неговата творечка ризница документиравме голем
број црковнословенизми што ќе бидат предмет на анализа.

Published
Jan 30, 2018
How to Cite
ЃОРЃИОСКА, Жаклина. ЦРКОВНОСЛОВЕНИЗМИТЕ ВО ТВОРЕЧКАТА РИЗНИЦА НА АНТЕ ПОПОВСКИ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 139-147, jan. 2018. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2031>. Date accessed: 18 oct. 2018.