ВЛИЈАНИЕ НА ВЕШТИНИТЕ ЗА ПИШУВАЊЕ И ЗБОРУВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИЈАТА НА СТУДЕНТИТЕ НА АНГЛИСКИ И ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

  • Биљана Иванова
  • Снежана Кирова
  • Драгана Кузмановска

Abstract

Многу ученици ја изразуваат својата неспособност и понекогаш го признаваат и нивниот неуспех во учењето да зборуваат втор / странски јазик. Овие ученици може да бидат добри во други вештини, но кога станува збор за учење како да зборуваат некој друг јазик, тие тврдат дека имаат „ментален блок" (Horwitz et al., 1986: 125). Употребата на модерни пристапи во комуникативната настава по јазик во јазичните училници и широката употреба на англискиот и германскиот јазик ја зголемија побарувачката за добри комуникациски вештини. Овој труд се обидува да го испита влијанието коешто пишувањето и зборувањето го имаат врз комуникацијата на учениците на англиски и германски јазик со испитување на резултатите добиени од прашалникот. Прашалникот опфаќа вкупно 40 студенти од четврта година од катедрата по англиски јазик и литература и катедрата по германски јазик и литература при Филолошкиот факултет, Универзитет Гоце Делчев - Штип.

Published
Jan 30, 2018
How to Cite
ИВАНОВА, Биљана; КИРОВА, Снежана; КУЗМАНОВСКА, Драгана. ВЛИЈАНИЕ НА ВЕШТИНИТЕ ЗА ПИШУВАЊЕ И ЗБОРУВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИЈАТА НА СТУДЕНТИТЕ НА АНГЛИСКИ И ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 173-184, jan. 2018. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2037>. Date accessed: 20 apr. 2018.