МАКЕДОНСКИОТ ПРЕДЛОГ НА – КАМЕН НА СОПНУВАЊЕ КАЈ ИЗУЧУВАЧИТЕ НА ГЕРМАНСКИОТ И АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК

  • Драгана Кузмановска
  • Снежана Кирова
  • Биљана Иванова

Abstract

Предлозите се специфична категорија на зборови која бара посебно внимание во процесот на изучување на странски јазици и која претставува „камен на сопнување“ при изведување на наставата на странски јазици. Преку овој труд ќе се обидеме да ги воочиме основните проблеми кои се јавуваат кај изучувачите на странските јазици, пред сѐ германскиот и англискиот јазик, преку примери со македонскиот предлог на. Како комплексни лексички единици предлозите служат за изразување на релации помеѓу два ентитета, и тоа самиот објект кој се набљудува од една страна и од кој аспект се набљудува истиот (мак. ј.: Ученикот седи на масата/на столот). Македонскиот предлог на во германскиот јазик се јавува преку две лексички единици auf/an (герм. ј: Der Schüler sitzt an dem Tisch/auf dem Stuhl) , како и во англискиот јазик преку at/on (англ. ј.: The
student is sitting at the table/on the chair). Задачата која сме си ја поставиле со пишувањето на овој труд воопшто не е лесна и едноставна, туку напротив изискува многу труд и внимание, кое ние несебично ќе го посветиме сѐ со цел добивање на поопсежно, продлабочено анализирање на овој проблем. Овој труд ќе го посветиме на откривање на
функционалните разлики кои постојат меѓу овие предлози и кои зависат од многу фактори, а кои се од големо значење за македонските изучувачи на германски и англиски јазик како два најзастапени светски јазици во сите сфери на постоење.

Published
Jan 31, 2018
How to Cite
КУЗМАНОВСКА, Драгана; КИРОВА, Снежана; ИВАНОВА, Биљана. МАКЕДОНСКИОТ ПРЕДЛОГ НА – КАМЕН НА СОПНУВАЊЕ КАЈ ИЗУЧУВАЧИТЕ НА ГЕРМАНСКИОТ И АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 277-285, jan. 2018. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2057>. Date accessed: 25 feb. 2018.