ПОТЕКЛО НА ТУРСКАТА ЛЕКСЕМА (х)ане/(х)ана (hane) И НЕЈЗИНА АДАПТАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО СУФИКС

  • Марија Леонтиќ

Abstract

Македонскиот и турскиот народ живееле заедно пет века и турскиот јазик оставил големи траги во македонскиот јазик. Турската лексема hane во македонскиот јазик се инфилтрирала како резултат на специфични историски и културни процеси. Турскиот јазик значителни влијаел и на морфологијата на македонскиот јазик. Влијанието
на турскиот јазик врз морфолошкиот систем на македонскиот јазик може да се следи и преку навлегувањето на турската лексема hane како суфикс - (х)ане/-(х)ана во македонскиот јазик. Пр. дестилáна, дечкурлáна, ѓупштана, електрáна, енергáна, коцкарана, куглана, педерана, пилана, солáна, стакларана, теретана, термоелектрана, топлáна, циглана, тулана, шеќерáна и сл. Оваа студија ги опфаќа потеклото, адаптацијата и семантиката на турската лексема hane како суфикс -(х)ане/-(х)ана во македонскиот јазик.

Published
Jan 31, 2018
How to Cite
ЛЕОНТИЌ, Марија. ПОТЕКЛО НА ТУРСКАТА ЛЕКСЕМА (х)ане/(х)ана (hane) И НЕЈЗИНА АДАПТАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК КАКО СУФИКС. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 313-320, jan. 2018. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2061>. Date accessed: 16 dec. 2018.