КОНТРАСТИВНА АНАЛИЗА НА МОЖНИОТ НАЧИН ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВРЗ ПРИМЕРИ ЕКСЦЕРПИРАНИ ОД РОМАНОТ CANONE INVERSO ОД АВТОРОТ ПАОЛО МАУРЕНСИГ И ПРЕВОДОТ НА МАКЕДОНСКИ

  • Надица Негриевска

Abstract

Контрастивната лингвистика се занимава со споредување на два или повеќе јазика од синхрониски аспект и опфаќа три области на контрастивно или споредбено проучување: контрастивна анализа, теорија на преведување и анализа на грешките. Таа е една од најразвиените постапки во доменот на контрастивната лингвистика која се занимава со
систематско споредување на два или повеќе јазика со цел да се пронајдат сличностите и разликите меѓу споредуваните јазици. Предмет на нашиот труд е контрастивна анализа на можниот начин во италијанскиот и македонскиот јазик врз примери ексцерпирани од италијанскиот роман „Canone inverso“ од авторот Паоло Мауренсиг и преводот на македонски. Целта е да ги издвоиме сличностите и разликите во однос на неговата употреба со цел негово подобро усвојување, како и надминување на потешкотиите при неговото совладување од страна на македонските говорители кои го изучуваат италијанскиот јазик како странски јазик.

Published
Jan 31, 2018
How to Cite
НЕГРИЕВСКА, Надица. КОНТРАСТИВНА АНАЛИЗА НА МОЖНИОТ НАЧИН ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ И МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВРЗ ПРИМЕРИ ЕКСЦЕРПИРАНИ ОД РОМАНОТ CANONE INVERSO ОД АВТОРОТ ПАОЛО МАУРЕНСИГ И ПРЕВОДОТ НА МАКЕДОНСКИ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 427-436, jan. 2018. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2074>. Date accessed: 20 june 2018.