„МАЈСТОРОТ И МАРГАРИТА“ ОД М. БУЛГАКОВ НА СЦЕНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР

  • Катерина Петровска- Кузманова

Abstract

Во текстот ке стане збор за постановката на Романот на М. Булгаков на сцената на Македонскиот Народен театар во режија на македонскиот режисер од поновата генерација кој живее и работи во Русија Иван Поповски. Текстот ќе биде насочен кон современите театарски теории кои се занимаваат со интеркултуралоноста и особено интракултуралноста. Интракултурните допири во контекст на театарот може да се однесуваат на одделни театарски периоди, форми и елементи. Овие различни содејства –
до чисто теориски аспект – можат да се поделат во две големи групи. Станува збор за интракултурен контакт меѓу публиката и актерите /изведбата, меѓу единечните театарски елементи на театарскиот продукт во рамките на теоријата. Во оваа смисла театарот не може да се замисли без комуникативниот однос на авторот наспрема режисерот, на режисерот наспрема глeдачот, на текстот наспрема изведбата. Во конкретниов случај интракултурниот однос се согледува преку копристењето на туѓи затворени театарски модели, кои се претопуваат во нов модел и добиваат сопствен формален и содржински идентитет.

Published
Feb 1, 2018
How to Cite
ПЕТРОВСКА- КУЗМАНОВА, Катерина. „МАЈСТОРОТ И МАРГАРИТА“ ОД М. БУЛГАКОВ НА СЦЕНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 473-480, feb. 2018. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2080>. Date accessed: 25 june 2018.