АНГЛИЦИЗМИТЕ ВО ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК ВРЗ ПРИМЕРИ ОД СПИСАНИЈАТА „JOY” и „WOMAN“

  • Марица Тасевска
  • Адријана Хаџи-Николова

Abstract

Германскиот јазик, како и сите други јазици низ својот историски развој па сè до денес, под влијание на најразлични култури и технолошки достигнувања претрпува лексички промени. Било во весник или пак на телевизија честопати слушаме и препознаваме голема употреба на странски зборови, пред сè англицизми. Во модерното време, време на брз информатички и комуникациски развој употребата на англицизмите претставуваат централна тема во германскиот јазик. За повеќето луѓе нивната секојдневна употреба е сосема прифатена, додека пак другите остануваат скептични по ова прашање. Сепак тешко е да се занемарат овие зборови, затоа што се јавуваат во сите сфери на  oпштественото живеење како на пример во економијата, политиката, науката, техниката, културата, уметноста и спортот. За поголем дел од англицизмите сè уште не е
пронајден соодветен германски еквивалент, па од тука е неизбежна нивната оригинална употреба: Joint Venture, Knоw-how, Marketing итн.
Од големо значење за истражување на англицизмите претставува јазикот кој го користат младите. Оваа група најчесто ги користи англицизмите како во пишаниот така и во усниот говор. Нивното користење и замена со германските зборови не се сведува само на трите позначајни зборовни групи како што се именките, придавките и глаголите, туку нивната употреба се проширува и кај честичките и извиците. Омилени се и поздравните форми како и слоганите на англиски јазик. Во овој труд ќе се задржиме на морфолошка анализа на англицизмите, застапени во германските списанија за жени „Joy“ и „Women“.

Published
Feb 1, 2018
How to Cite
ТАСЕВСКА, Марица; ХАЏИ-НИКОЛОВА, Адријана. АНГЛИЦИЗМИТЕ ВО ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК ВРЗ ПРИМЕРИ ОД СПИСАНИЈАТА „JOY” и „WOMAN“. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 579-590, feb. 2018. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2094>. Date accessed: 24 feb. 2018.